Вебмастер е фирма, чии што главни дејности се: веб дизајн, графички дизајн, дизајн на печатени материјали и развој на софтвер. Фирмата е основана во Охрид во 2010 година. Нашата визија да креираме уникатна врска помеѓу уметноста, функционалноста и програмирањето, не водеше кон идејата да формираме сопствена фирма. Нашата мисија е да ве водиме вас како наши клиенти во насока на создавање репрезентативен и конкурентен бизнис на домашниот и странскиот пазар. Ние се стремиме кон силна интеракција помеѓу нас и нашите клиенти кои можат да се вклучат во креирање на својата замисла или маркетинг стратегија со свои предлози, сугестии и идеи за време на целиот работен процес. Нашиот тим, поаѓајќи од фактот дека задоволниот клиент е најдобрата инвестиција во бизнисот, посветува големо внимание на истражување на најновите трендови во веб дизајнот.