ОСВОЕТЕ ГО ВРВОТ
Вашето рангирање е наш предизвик !

НАШИ УСЛУГИ

ВЕБ ДИЗАЈН UI/UX

Во нашиот процес на развој на веб сајтот ние се стремиме да ги разбереме желбите на вашите корисници. Секоја категорија на корисници има свои навики во виртуелниот простор кои се разликуваат од нивните навики во реалната околина. Знаејќи го фактот дека корисниците повеќе "скенираат" отколку што читаат, нашата цел е да креираме успешен user friendly дизајн кој соодветно ќе одговори на потребите на корисниците. Успешниот дизајн им овозможува нивниот визуелен впечаток интуитивно да ги води до она што им е потребно.

Користеќи најновите back-end и front-end технологии во полето на веб дизајнот ние креираме од мали бизнис и персонални веб сајтови до големи веб апликации.

РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

Со големиот развој на глобалната мрежа не постои место на Интернетот во кое што не се присутни веб апликациите.
Ние ги користиме најмоќните back-end технологии, со што сме во можност да развиваме и одржуваме софтвер кој е развиен според сите професионални стандарди на кодирањето. Доколку имате уникатно барање за софтверско решение за вашата компанија кое ќе се разликува од другите ќе ни биде задоволство да не контактирате.

ПРИЛАГОДЛИВ ДИЗАЈН НА СИТЕ УРЕДИ

Нашиот дизајн е прилагодлив на сите типови уреди (мобилни телефони, компјутери, таблети итн.) и со тоа овозможува совршено корисничко искуство. За време на работниот процес, заедно со вас ние ќе извршиме тестирање на вашиот веб сајт на сите оперативни системи и уреди пред да го поставиме на вашиот сервер. Во дизајнерскиот процес ние се служиме со најновите front-end технологии.

КОРПОРАТИВЕН ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Дали сакате креативен дизајн за вашата компанија кој што вашите потенцијални клиенти ќе го обожаваат ?
Нашите графички дизајнери се тука да ви понудат комплетно решение за вашиот визуелен идентитет

Лого дизајн

Флаери

Визит картички

Постери

Каталози

Цртежи

Дизајн на амбалажа

Брошури

Ние имаме долгогодишно искуство со моќните алатки на Adobe Creative Suite

ФОТОГРАФИЈА

Визуелната импресија на секој веб сајт значително зависи од фотографиите. Користејќи ги моќните алатки и програми на Adobe, ние вршиме обработка на вашите фотографии на начин на кој што совршено ќе се вклопат во вашиот веб сајт или визуелен идентитет. Ние вршиме и професионално фотографирање за потребите на вашиот дизајн.

Обработката на фотографиите за вашиот веб сајт е бесплатна.