Правила и услови


Правила и услови за работа на Вебмастер

До правилата и условите на работа се обврзани да се придржуваат двете страни во работниот процес: фирмата и клиентот.
Клиентот е обврзан да се запознае со правилата и условите на работа пред да го потпише договорот за започнување со работниот процес.
Договорот за работа содржи детални информации за проектот, време на завршување и цена за проектот со дефинирани рокови на плаќање. Откако договорот ќе биде испратен по пошта до клиентот, тој е должен доколку се согласува со сите услови на договорот, да го испрати назад до Вебмастер со печат и потпис. Работниот процес започнува веднаш по потпишувањето на договорот од страна на фирмата и клиентот. Фирмата и клиентот на тој начин се обврзани да ги исполнат сите барања на договорот. Доколку една од страните не одговори на сите барања, таа страна ги сноси трошоците.


Начин на плаќање

Клиентот пред склучување на договорот и пред започнување со работа не е обврзан да плати ниту еден дел од сумата.
Начинот и рокот на плаќање е определен во договорот за конкретен проект и клиентот е обврзан да го почитува.
Доколку клиентот од субјективни причини еднострано го раскине договорот е обврзан да ја плати целосната сума за проектот во претходно определениот рок на договорот.
Плаќањето се врши на два начина: преку фактура која ќе ја добие преку својот account на нашиот вебсајт или преку PayPal сервисот. Откако ќе го потпише договорот за работа клиентот треба да се регистрира на нашиот вебсајт каде ќе добива детален приказ за услугите и можност за плаќање на секоја услуга одделно.


Снабдување со материјали за проектот

Клиентот е должен во определениот рок во договорот за проектот да ги достави сите потребни материјали: текст, слики, лого и било какви други материјали потребни за проектот. Доколку клиентот доцни со доставување на дел од материјалите, тогаш фирмата има право да го продолжи рокот на завршување на проектот, а клиентот е должен да го исплати во рамките на рокот она што до тогаш е изработено.


Дополнителна работа

Секоја дополнителна работа која не е наведена во договорот дополнително се наплаќа во износ од 5 евра на час. Клиентот ќе биде однапред известен колку часови ќе се потребни за завршување на конкретната работа.


Доколку не е направен никаков договор за одржување на веб сајтот или веб апликацијата, откако проектот ќе стане сопственост на клиентот, Вебмастер нема никаква обврска за чување на фајловите или правење backup на содржината.